Три македонски компании ќе го модернизираат производството на храна со 315 илјади евра од ИПАРД 2

- Advertisement -

До средината на октомври годинава треба да бидат реализирани првите три инвестиции во преработувачката индустрија со средства од ИПРАД 2 програмата. Договорите  беа потпишани денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за вкупно 315.000 евра што ќе се вложат во опрема за сушење овошје и зеленчук, во нова линија за свежи цедени сокови, како и во опрема за преработка на млеко и млечни производи.

Тројцата инвеститори, од Тетово, Неготино и Визбегово, рекоа дека наместо 1,5 година, колку што се чекало до сега за одобрување на проектите, постапката овојпат била многу брза и траела неполни два месеца од завршувањето на јавниот повик.

- Advertisement -

ИПАРД Програмата веќе не е баук и достапна е за секој што ги исполнува потребните услови и ги почитува регулативите. Со максимална и професионална ангажираност на сите вработени направивме во најкраток рок да се обработат и да се потпишат договорите. Порано процесот на обработка траел подолго и за склучување се чекаше повеќе од 1,5 година. Сега за два месеца се обработија апликациите. Ова значи побрз пласман на европските средства до нашите корисници, претпријатијата од преработувачката индустрија и земјоделците, со што ќе се намали дисбалансот кој се јавува на пазарот. Ќе се овозможи и откупните цени да достигнат повисока вредност, а со тоа и да се извезуваат производи со поголема додадена вредност, нагласи директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

Инвеститорите пренесоа различни искуства во однос на ИПАРД аплицирањето.

-Досега чекавме многу време. Ни бараа „те ова“, „те она“, еден куп документи, а сега е многу лесно. За два месеца ги потпишавме договорите. Во мојот случај така и треба да биде зашто се работи за млекарница, истакна Сервет Ќазими од „Сентис“ кој за опрема за преработка на млеко доби 90.000 евра.

- Advertisement -

Мора да се модернизираме, друго „чаре“ нема, дополни Омер Фејзулаи од „Баконутс“, чиј договор за опрема за сушење овошје и зеленчук е вреден 150.000 евра. Тој, како што раскажа, еднаш аплицирал за ИПАРД, во 2011 година, но брзо се откажал зашто му одговориле по 1,5 година и притоа згора и го одбиле зашто, наводно, не ги исполнувал условите. -Потоа бев разочаран, не аплицирав се додека не ме убеди мојот консултант.Увезувам 250 непечени артикли, а извезувам сушени и пакувани во Косовои и Албанија. Секако, продавам и тука, кај нас, напомена Фејзузали.

Славчо Јорданов од „Ким“ ДОЕЛ кој, според договорот, ќе вложи 76.000 евра во опрема за свежо цедени сокови, првпат аплицира за средства од ИПАРД.

- Advertisement -

 

Од склучените 950 договори по првиот ИПАРД 2 повик, досега 794 апликанти ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на средства. Притоа, 180 компании целосно ја имаат добиено финансиската поддршка во износ од близу два милиона евра.

Сподели!
- Advertisement -