Климе Попоски: Имотното осигурување расте поради зголемената свесност и активните мерки

- Advertisement -

Меѓународен форум за имотно осигурување со учество на претставници од европските регулаторни тела за осигурување, претставници од осигурителната индустрија, консултантски фирми и носители на политики за справување со финансиски загуби како последица од катастрофални настани се одржува денеска во Виена.

Целта на настанот е да се согледа влијанието и отпорноста на општествата на климатските ризици и сајбер ризиците. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето  Климе Попоски беше дел од панелот на кој се разговараше за зајакнување на отпорноста кон климатските ризици преку зголемување на осигурителното покритие. П

- Advertisement -

опоски, како што стои во соопштението, ги истакна позитивните резултати во развојот на имотното осигурување, кое забележа  пораст од 19,68% споредено со 2017 година, посебно акцентирајќи го високиот пораст на земјоделското осигурување, како посебен сегмент од класата на осигурувањето на имот од 65,98 %. Климатските ризици отсекогаш предизвикувале настани со сериозни последици, со огромни материјални и човечки загуби кои често останувале врежани во меморијата. Во последниве децении нивната катастрофална природа стана сè поголема закана за отпорноста на општествата кон ваквиот вид ризици.

“Благодарение на јакнење на свеста кај граѓаните и фирмите за присуство на ризици, активните мерки за субвенционирање од 60 отсто на премијата за земјоделско осигурување, подобрување на услугите на друштвата за осигурување во исплата на штети, како и регулаторната и супервизорската улога на Агенцијата за супервизија на осигурување и активностите за финансиска едукација на населението имаат придонес за високиот раст во нашата земја“, посочи Попоски на панел дискусијата.

- Advertisement -

Заклучоците за успешен развој на имотното осигурување посебно во сегментот на осигурувањето од катастрофални ризици од Меѓународен форум се јавно – приватно партнерство помеѓу Владата, осигурителната индустрија и корисниците на осигурителни услуги, воведување задолжителни форми на осигурување од катастрофи, регионален пристап во воспоставување на осигуриителни пулови.

Сподели!
- Advertisement -