Политиката на Нов Зеланд ќе се базира на емпатија, добрина и благосостојба!

- Advertisement -

Нов Зеланд сака да ја трансформира политиката во земјата и фокусот да го стави на емпатија, добрина и благосостојба затоа што, како што вели премиерката Јасинда Ардерн, економскиот раст сам по себе не ја покажува целосната слика за една земја.

„Проектираме раст од 3%, невработеноста е на 3,9%. Ако ги гледаме само традиционалните мерила, луѓето сигурно не гледаат и си мислат добро му оди на Нов Зеланд. Но, ние имаме неверојатна стапка на бездомници, една од најголемите стапки на самоубиства на млади во ОЕЦД, а нашето ментално здравје не е како што треба да биде. Нашиот план е преку благосостојба, Рамка за стандарди за живот и буџет за добросостојба, каде што секој министер кој сака да троши пари ќе мора да докаже дека со тие пари ќе ја подобри добросостојбата на сите генерации, да ја подобриме општата добросостојба на народот, не само нивната финансиска ситуација“ вели Јасинда.

- Advertisement -

Во развиените земји голем проблем се платите кои стагнираат. Просечната плата во САД, на пример, ја има истата куповна моќ како пред 40 години. Квалитетот на животот на луѓето не се подобрува и некои мислат дека тоа е причина за ширењето на популизмот.

Мислам дека мора да почнеме да го мериме успехот на поинаков начин и да го сфаќаме во поширока смисла. Тоа е суштината на политиката и на политичките кризи. Ако сте некој кој нема работа и после глобалната финансиска криза слушнете како некој политичар вели дека според БДП, земјата е во фаза на закрепнување, си велите дека не го чувствувате тоа и вашата ситуација не се подобрува. Тоа значи дека има недоследност и прекин на довербата во институциите и демократијата.

- Advertisement -

Мислам дека дене симаме повеќе работи во политиката кои ги одвраќаат луѓето да не им веруваат на институциите. На кој начин можеме да го решиме тоа? Еден начин е она што го мериме навистина да го спроведеме и да почнеме да преземаме одговорност за повеќе работи. Луѓето ни кажуваат дека политиката не го исполнува ветеното. Така ќе им покажеме резултати на луѓето кои гласаат за нас.

Тоа не е идеолошко ниту нешто што го прават само прогресивните влади. Вака ќе им бидеме досраснати на оечкувата и ќе ја вратиме довербата во институциите. Од некои од мерките кои ги преземаме сега резултатите веројатно ќе ги видиме за 20 години отсега. Но ако почнеме да ја гледаме политиката низ призмата на она што ни е битно како добрина, емпатија и благосостојба, тогаш не е битно дали ќе има резултати во еден политички циклус туку во текот на неколку децении“ објасни новозеландската премиерка.

- Advertisement -

New Zealand wants its politics to focus on empathy, kindness and well-being

Because happiness matters. Read more: https://wef.ch/2RNpIvw

Posted by World Economic Forum on Четврток, 24 јануари 2019

Сподели!
- Advertisement -