ВИДЕО: Финска им дава бесплатни домови на бездомниците

- Advertisement -

Финска сака да стави крај на проблемот со бездомниците така што на луѓето ќе почне да им дава домови. Многу земји ги тераат бездомниците да живеат во хостели или засолништа се додека не најдат работа или додека не се излечат од здравствените проблеми, како што е зависноста од опијати.

Но, луѓето таму често се чувствуваат небезбедни и несигурни, па така потешко ја менуваат својата животна ситуација.

- Advertisement -

Финска на бездомниците најпрвин им дава постојан дом бидејќи им е полесно да најдат работа или да се излечат од некоја болест кога живеат на некое безбедно место. Тие потпишуваат договори за наем на живеалиште и потоа државата им дава пари за да платат. Притоа, можат да изнајмат стан или цели згради за бездомници.

Ова решение се покажа поевтино за даночните обврзници отколку сместувањето на бездомниците во привремени домови – годишно по човек се заштедуваат 9.600 евра. Во 2008 година имало 600 кревети во засолништа и хостели во Хелсинки, а сега има само 52 или малку повеќе во зима.

- Advertisement -

Од 2009 година досега Финска има обезбедено постојан дом за 7.290 бездомници. Од  2008 до 2015 година бројот на бездомници кои со години се на улица се намалил за 35%, додека во остатокот од Европа бројот на бездомници постојано расте. Во Германија, на пример, од 2014 до 2016 година бројот на бездомници се зголемил за 150%, а во Ирска се зголемил за 145% од 2014 до 2017 година.

Градењето доволно социјални домови е клучно за да функционира оваа шема.

- Advertisement -

Finland is ending homelessness by actually giving people homes

It has provided 7,290 permanent homes since 2009. 📕 Read more: https://wef.ch/2URN2J4

Posted by World Economic Forum on Петок, 12 април 2019

Сподели!
- Advertisement -