Овие патики се направени од вистинска крв

- Advertisement -

Кога помислувате на материјали од кои може да се направат обувки, сигурно не ви паѓа на памет дека крвта може да биде таков материјал. Сепак, ако мислите дека тоа е невозможно, се лажете. За да го докаже тоа дизајнерот од компанијата nat-2, Себастијан Тајс и дизајнерот од Ајндховен, Шахар Ливне, се здружија и направија одржливи патики направени од вистинска крв.

Сигурно првото што ви паѓа на памет сега е зошто некој би користел крв за да направи обувки? Одговорот е затоа што е чудно, но лесно и истоврмено одржливо затоа што крвта ја земаат од кланици. Проектот се вика Experimental Line и идејата им дошла откако Ливне претходно направил биоматеријал од коски и масти сличен на кожа, а суровините ги набавил од кланици во Холандија. Потоа крвта ја искористил за боење и пластифицирање.

- Advertisement -

Од материјали претходно направени за други чевли за nat-2, Тајс ги направил ѓоновите од плута, кои исто така се одржливи без сечење ниедо дрво. Надворешниот дел од ѓонот е од вистинска гума, која исто така има малку штетни ефекти врз животната средина, а лепакот за составување на чевлите е на база на вода. 

Патиките се продаваат спакувани во 100% рециклирана хартија и со постер од лимитирана серија кој е направен со пигмент добиен од вистинска крв на кој се гледа силуетата на патиките и е потпишан од двајцата дизајнери. Иако овој дизајнерски пар имал за цел да создаде одржливи патики, тие исто така се надеваат дека ќе стават акцент на недостигот од одржливост во индустриите кои се базираат на суровини од животинско потекло како и да ги натераат да најдат начини за да работат поодржливо.

Сподели!
- Advertisement -