Пет едноставни навики кои можат да ви го продолжат животот дури 10 години!

- Advertisement -

Американците имаат значително пократок животен век отколку речиси сите други земји со високи приходи. Најновите податоци покажуваат дека луѓето во САД можат да очекуваат дека во просек ќе живеат 78,7 години. Тоа ги става под просечниот очекуван животен век  80,3 години, според Организацијата за економска соработка и развој. Џон Хол соосновач на апликација за управување со време и агенцијата за контент маркетинг Influence & Co. за CNBC ја опишаа студијата на Универзитетот Харвард која заклучи кои пет навики можат да го продолжат животот на луѓето за десет или повеќе години.

Во истражувањето се проучени податоци собрани во период од 34 години од 78.000 жени и податоци собрани во период од 27 години од околу 44.000 мажи. Резултатите покажале корелација меѓу здравото однесување и кардиоваскуларните проблеми. Жените и мажите кои одржувале најздрав начин на живот имале 82% помала веројатност дека ќе умрат од кардиоваскуларни заболувања и 65% помала веројатност дека ќе умрат од рак во споредба со луѓето со најмалку здрав начин на живот.

- Advertisement -

Студијата сугерира дека одржувањето на овие пет навики може значително да го продолжи животот.

1. Здрава исхрана

- Advertisement -

Ова не е толку лесно како што звучи, особено кога имате деловни, семејни и социјални обврски. Може да биде примамливо да јадете брз храна или да нарачате нешто во текот на ноќта. Меѓутоа, неодамнешното истражување покажува дека лошата исхрана води до еден од пет смертни случаи, а може и да предизвика висок крвен притисок и дијабетес. Добрата исхрана, пак, содржи минимално обработена храна и житарки, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и сите природни извори на протеини како риба и мешунки.

2. Секојдневно вежбање

- Advertisement -

Неопходно е да се издвои време за вежбање. Дури и најуспешните бизнис лидери во светот како Опра Винфри, Шерил Сендберг и Бил Гејтс секој ден вежбаат. Студијата на Националниот инситит за рак во САД покажала дека само мали количини дневни вежби можат да го продолжат животниот век за дури 4,5 години. Главната идеја е да се избегне неактивноста, што може да биде проблем за оние кои имаат работна маса. Затоа, набавете биро за стоење, одете на состаноци со шетање или вежбајте во теретана пред или после работа.

3. Одржувајте здрава тежина

Според студијата, контролата на тежината значително го намалува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак на дојка. Здравата тежина варира од човек до човек, но Националниот институт за срце, бели дробови и крв во САД покажува дека индексот на телесната маса од 18,5 до 24,9 се смета за здрав. Но, не треба често да се мерите и тоа да ви стане опсесија.

4. Ограничете го внесот на алкохол

Тешко е да се избегне алкохолот кој го има на прослави, конференции, настани и многу други места, но тој има многу негативни страни. За почеток, може да го зголеми струкот и да го зголеми ризикот од неколку видови рак како ракот на дојка, на дебело цево итн. Публикацијата на американската влада „Детални насоки“ го дефинира умереното пиење како еден пијалак на ден за жените и два за мажите.

5. Не пушете

Помина една деценија откако тутунската индустрија почна да ја губи наклонетоста на американската јавност. Бидејќи ризиците по здравјето од пушењето се се поочигледни, се зголеми и предупредувањето на опасните нуспојави. Тоа не значи дека лесно ќе ја искорените навиката, но вашето тело ќе ви биде благодарно на долг рок.

Сподели!
- Advertisement -