Кинеските инвестиции во држави од Европската унија во последните десет години нагло пораснаа, а Европската комисија неодамна Кинезите ги нарече системски ривал и стратешки конкурент. Европската унија воведе и нов механизам за надзор над странските инвестиции за да може да реагираат ако проценат дека странските инвестиции можат да и наштетат на безбедноста на земјите-членки.
Според извештај на ЕК, третина од вкупниот имот во ЕУ е во сопственост на странски компании, а 9,5% од компаниите во Европа имаат сопственици со седиште во Кина, Хонгконг или Макао. Во споредба со 2007 година, кога тој удел изнесувал само 2,5%, станува збор за значитетелен раст, иако она што го поседуваат кинеските компании е само мал дел од европскиот бизнис. За споредба, на крајот на 2016 година Американците и Канаѓаните контролирале 29% од компаниите во ЕУ.
Кинеските инвестиции го достигнаа својот врв во 2016 година, кога изнесуваа 37,2 милијарди евра, по што следуваше забавување. Тоа главно е резултат на построгата контрола над капиталот кој доаѓа од Кина, но и на промените на глобалната политичка сцена која се во прашање кинеските инвестиции.
Но, каде најмногу инвестираат Кинезите?
Од 2000 до 2008 година најмногу инвестирале во најмногу европски компании од Велика Британија, Германија, Италија и Франција. На листата со топ 10 се најдоа и Холандија, Финска, Шведска, Португалија, Шпанија и Ирска. Притоа, Кинезите според минатогодшната анализа на Bloomberg во своја сопственост држат или имаат сопственички удел во четири европски аеродроми, шест пристаништа и 13 фудбалски клубови.