Овие столици се првиот комерцијален производ создаден со вештачка интелигенција

- Advertisement -

- Advertisement -

Витките пластични столици биле презентирани на Миланската недела на дизајнот и претставуваат најновиот пример за растечките способности на вештачката интелигенција да синтетизира податоци со цел да создаде креативен производ.

Старк ги дизајнирал столиците така што ги поставил првичните параметри во експерименталната верзија на софтверот. Тој внел дека ја сака структурно најскладната и најудобна столица со најмала употреба на физички материјал.

- Advertisement -

Kartell, Autodesk и јас ја прашавме вештачката интелигенција едно прашање: Дали знаеш како да ги одмараме нашите тела со најмалку употребен материјал? Вештачката интелигенција, без култура, без спомени, без влијанија, одговори само со интелигенција; таа е „вештачка“, истакнува Старк во соопштение до јавноста.

- Advertisement -

Оттука, процесот се развивал во насока на нешто налик на разговор, така што софтверот ги истражувал сите можни опции со дадените параметри и континуирано учел од повратните одговори на Старк.

(www.marketing365.mk)

Сподели!
- Advertisement -