Еден научник е убеден дека ако можеме да посадиме повеќе од 1 трилион дрвја, ќе можеме да избришеме една цела деценија стакленички гасови во атмосферата. На Земјата веќе има 3 трилиони дрвја, а екологот Томас Краутер мисли дека ако планетата ја збогатиме со 1,2 трилиони дрвја ќе можеме да отстраниме повеќе СО2 од воздухот отколку со кое било друго решение.
Тие дрвја би го исчистиле воздухот подобро отколку забраната на HFC хамикалиите од фрижидерите и од клима уредите, отколку намалувањето на отпадот од храна кој ослободува метан. Откритието на Краутер се уште се проверува пред да биде објавено.
Други истражувања докажаа дека дрвјата и не се толку моќни во борбата со климатските промени. Тие покажаа дека ќе треба целото обработливо земјиште на Земјата да го посадиме со дрвја и да потрошиме огромни количини вода и ѓубриво.
Сепак, многу земји веќе почнаа со пошумување и си зададоа амбицозни цели. Пакистан, на пример, досега има засадено 1 милијарда дрвја, а крајната зададена цел е 10 милијарди дрвја. Индија, пак, сака да пошуми 12% од својата територија, а проектот Големиот зелен ѕид има за цел да позелени 100 милиони хектари сува почва во Африка.
Planting 1.2 trillion trees could absorb a decade’s worth of human CO2 emissions
There are currently 3 trillion trees on Earth. 🔎 Learn more about planting trees: https://wef.ch/2vnpbm8
Posted by World Economic Forum on Четврток, 25 април 2019