Концепт-воз го чисти воздухот од СО2 додека вози

- Advertisement -

CO2 Rail, стартап од САД, планира да го исчисти јаглерод диоксидот од воздухот со својот модифициран воз додека патува по шините низ Америка. Директното заловување на СО2 од воздухот е директен метод за намалување на загадувањето во атмосферата. Заловениот јаглерод диоксид потоа може да се користи за други намени, како што е производство на фармацевтски состојки или едноставно да се компресира и да се складира под земја.

Моментално методите кои се користат за директно заловување на јаглерод диоксидот од атмосферата користат голема површина на земја и енергија. Истражувачите од CO2 rail заедно со Универзитетот Торонто развија нов метод со кој може да се користи постојната железничка мрежа за да се чисти СО2 од амтосферата додека истовремено се возат вообичаените рути со патници и стока.

- Advertisement -

Истражувачите планираат да користат вообичаени возови опремени со големи вентилации за да се вшмукува воздухот додека се движи возот. Така ќе се елиминира потребата од вентилатори и ќе се заштеди на енергија.

Вагоните ќе бидат опремени со комори каде што ќе се чува јаглерод диоксидот, кој потоа ќе може да се концентрира и да се складира во течни резервоари додека возот не застане. Чистиот воздух ќе се испушта во атмосферата од задниот дел или под вагонот.

- Advertisement -

На секои 12 часа, односно кога ќе се менува персоналот или ќе се точи гориво, резервоарите со CO2 ќе се празнат во нормални резервоари лоцирани на постојките. Како што вели основачот на CO2 Rail, кога ќе има доволно такви полни резервоари на постојките, ќе се натовари цел воз и ќе се вратат можеби 10.000 тони заловен CO2 во циркуларната карбонска економија.

Сите вагони на CO2Rail ќе бидат дизајнирани да можат да возат нонстоп 27/7 пред да треба да се истовари јаглерод диоксидот, а инженерите ќе се ротираат на отприлика 8 часа.

- Advertisement -

Студијата за овој проект е објавена во весникот Joule.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -