ВИДЕО: Научници во Мексико ја претвораат опасната морска трева во зелена енергија

- Advertisement -

Научници во Мексико ја претвораат опасната морска трева во зелена енергија. Почнувајќи од минатата пролет морската трева се појавува во огромни количини по плажите во Мексико. Оваа морска трева го искористува целиот кислород од водата, ја блокира светлината да не може да продре до коралните брегови и има негативно влијание врѕ туризмот, рибарството и дивиот свет.

Но, истражувачите се надеваат да најдат друга корисна примена за морската трева. Тоните морска трева од плажите ги собираат и ги тестираат во посебен процес за претворање во биогас. Тие се надеваат дека тој биогас ќе можат да го искористат за одржлив начин на одгледување храна.

- Advertisement -

Годинава се очекува Мексико да го посетат 43 милиони туристи. Туризмот придонесува со 20% на пазарот на труд и има 17% учество во БДП на земјата. Истражувачите мислат дека морската трева дошла од Амазон и од Конго, а се размножува многу побрзо поради пестицидите и вештачките ѓубрива кои се испуштаат во реките. Температурата на водата во океанот уште повеќе придонесува за побрзо размножување.

Ако се најде корисна примена за оваа морска трева ќе се спречи уништувањето на морскиот свет, а ќе се отворат и нови работни места за локалното население.

- Advertisement -

Scientists in Mexico are turning dangerous seaweed into green energy

Saving sealife and encouraging tourism. 🔎 Learn more about seaweed: https://wef.ch/2IXmSyk

Posted by World Economic Forum on Петок, 26 април 2019

Сподели!
- Advertisement -