На еден милион животни и растенија им се заканува истребување

- Advertisement -

Поединците можат да помогнат со еедноставни промени на навиките за јадење и потрошувачка на енергија. Тоа не значи дека мора да станеме вегани или вегетаријанци, туку побалансирано да користиме месо, зеленчук и овошје, повеќе да пешачиме и да возиме велосипед. Така ќе можеме да ги нахраниме и новите милијарди луѓе кои ќе се родат во иднина, велат експертите.

Голем придонес за тоа може да има елиминирањето на отпадот од храна и поефикасното трошење на храната. Еден од експертите вели дека човетвото ја изцрпува планетата Земја и ја уништува сопствената иднина. Повеќе од половина милион видови копнени растенија и животни немаат соодветна животна средина за долгорочен опстанок и веројатно ќе бидат истребени, а слична е ситуацијата и во водената средина.

- Advertisement -

Иатражувачите предупредуваат дека проблемот започнува со луѓето, но не е доцна да се поправи ситуацијата. Научници од целиот свет – повеќе од 450 истражувачи – се собраа во Париз за да го изготват извештајот, кој има повеќе од 1.000 страници, за чие изготвување беа искористени над 15.000 научни и владини извештаи.

Како што се посочува во извештајот, 99% од коралните гребени во светот се во опасност. Од 1600 година досега се истребени најмалку 680 видови рбетници, а 559 сорти припитомени цицачи кои се користеле за храна веќе се истребени. Повеќе од 40% од амфибиските животни во светот, повеќе од една третина од морските цицачи и речиси една третина од ајкулите и рибите се во опасност од истребување.

- Advertisement -

Како што објави Интернационалната унија за зачувување на природата во март годинава, им се заканува ситребување на точно 27.159 животински и растителни видови од вкупно 100.000, колку што биле вклучени во истражувањето. Од  нив 1.223 се цицачи, 1.492 се птици, 2.341 се риби, а речиси половина се растенија. Притоа, научниците успеале да истражат само мал дел од вкупно 8 милиони видови колку што постојат на Земјата, што значи дека реалната ситуација може да е уште пострашна.

Сподели!
- Advertisement -