Иако на Цукерберг и неговиот тим во Фејсбук им требаше доста време за тоа да го сфатат, оваа социјална мрежа стана силна алатка за манипулација со луѓето пред избори – бројни лажни прифили и ширење на лажни информации се само дел од проблемите кои треба да се решат пред изборите за Европскиот парламент и претстојните претседателски избори во САД. Повеќе од јасно е дека е скоро невозможно да се најдат и спречат сите лажми профили кои се отворени за преку нив да се шират дезинформации, но Фејсбук се обидува да даде масимален напор за тоа да се спречи. Сепак, од компанијата признаваат дека не мжат сами да се справат со проблемот и ги повикуваат активистите и новинарите кои исто така работат на оваа проблематика да откриваат и пријавуваат лажни профили и дезинформации.
Пред претстојните иазвори за европскиот Парламент во мај, Фејсбук отвори „воена соба“ во своето европско седиште во Даблин во кој 40-тина луѓе ја следат ситуацијата на Фејсбук, бараат знаци на манипулација и говор на омраза. Станува збор за тим од инженери, експерти за податоци и безбедност кои ќе ги проучуваат и оценуваат содржините кои ќе ги пријават другите корисници или автоматски системи и ќе одлучуваат за нивно бришење од мрежата.
Колку е голем проблемот со лажните профили покажуваат информациите кои ги сподели Ричард Ален од Фејсбук, а тоа е дека од октоммври 2017 до декември минатата година 2018 година се избришани 2,8 милиони лажни профили. Освен со лажните профили битката се води и со лажните вести кои се споделуваат од регуларни профили. Во тоа им помагаат новинари и активисти кои во Шпанија открија мрежа на десно ориентирани лажни профили чии што објави достигнаа до околу 1,7 млиони луѓе, како и објави од тимот на предизборната кампања на Трамп со кои беа прекршени правилата на Фејсбук.