Microsoft нуди бесплатна сајбер заштита за политичарите!

- Advertisement -

Претстојните европски избори нема да бидат тест само за политичарите и за политичките партии, туку и за нивните изборни столбови затоа што последните години тие освен на конкурентите, мора да обрнат внимание и на хакерите.

За на политичарите и на луѓето во политиката да им овозможи фокусирање само на кампањите, а прашањето за безбедноста да го остават на експертите, Microsoft ја прошири својата услуга AccountGuard на осум европски земји. Microsoft AccountGuard е најмодерната услуга за сајбер безбедност која бесплатно им се нуди на организациит кои користат Office 365. Услугата е без дополнителни трошоци и е достапна за сите политички партии, кандидати и кампањи кои работат на локално или национално ниво во Хрватска, Кипар, Грција, Малта, Полска, Романија, Словенија и Швајцарија. AccountGuard е ставен на располагање и на тинк-тенк, непрофитните и невладините организации кои работат на прашања врзани за демократијата и изборниот интегритет.

- Advertisement -

Политичките кампањи се особено подложни на сајбер напади. Поради големата количина осетливи информации, тие се први на нишан, а имаат често недоследни безбедносни мерки или ресурси за спречување провалување. Microsoft нуду бесплатни обуки за сајбер безбедност за сите кандидати, кампањи, политички партии, тинк тенк и непрофитни организации во изборнот простор во пресрет на европските избори.

Досега имаат оспособено речиси 1.000 луѓе, вклучувајќи европски политички организации и мрежи, како и некои од националните политички партии и владини претставници кои работат на изборите во Шведска, Финска, Велика Британија, Германија, Шпанија, Холандија, Романија и Белгија. Нивните обуки се непрострасни, технолшки се неутрални и усогласени со начелата од европските изданија на книгите за сајбер безбедност на кампањи на школата Harvard Kennedy.

Сподели!
- Advertisement -