Овој ресторан ги замени сите келнери со роботи. Ресторанот Robot.he во маркетот Hema Market на Alibaba во Шангај користи роботи, QR кодови и апликација за да ги послужи гостите. Еве како функционира.
На посебна електронска табла се чекирате за да ви се најде слободно место во ресторанот и добивате QR код со кој се знае точната ваша локација. Потоа избирате од маркетот што сакате да јадете и на каса го покажувате вашиот код.
Кога ќе седнете на маса можете да нарачате и нешто друго од менито кое се наоѓа во апликацијата. Кога ќе биде готова, готвачот ја става вашата храна во еден од роботите-келнери кои се наоѓаат на шанкот. Тие потоа брзо ви го доставуваат оброкот.
Други роботи потоа одат од маса до маса и ги собираат чиниите кога ќе завршите со јадење. Ова сигурно е иднината на рестораните.