И најмалиот поттик за купувачите честопати е доволен за неодлучните да се одлучат да купат нешто. Дали купувачот ќе се одлучи да купи нешто или не во најголем број случаи зависи од мали психолошки трикови. Вашиот производ може да биде одличен, но ако вашата веб страница не е квалитетно направена, ќе имате проблеми со продажбата.
Пред да и направите ремонт на страницата и да потрошите огромни пари на советници, постои поедноставно решение: суптилни психолошки промени кои ќе делуваат на посетителите. Купувачите се прилагодени да купуваат на одреден начин и со оглед на маркетингот кој е насoчeн кон нив, тешко е да го филтрираат непотребното. На тој начин бизнисите кои целосно ја разбираат интеракцијата со купувачите се во целосна предност.
Според тоа, треба да ги истражите суптилните промени кои може да се направат за да се зголеми продажбата. Тоа нема да ви одземе многу време, а ефектите ќе се забележат уште веднаш. Еве 10 психолошки трикови кои можете да ги примените и да видите дали ќе ја подобрат продажбата.
6. Покажете кредибилетет
Ова е еден од највредните трикови. Додавањето некаков вид кориснички изјави или статистики кои укажуваат на честата употреба на вашите производи ќе поттикнат на продажба. Тоа е особено корисно кога таа информација ќе ја поставите во близина на копчето „купи“. Кога купувачот ќе знае дека не е сам и дека вашиот бренд е почитуван, ќе има повеќе доверба во својот избор.
7. Погрижете се вашите купувачи да се чувствуваат вредни
Купувачите сакаат индивидуално посветено внимание. Тоа значи дека треба да им го понудите токму тоа, а можете да го постигнете во форма на специјализирани попусти, нудејќи им помош или да го направите целиот процес на купување што пофлексибилен. Кога ќе бидат уверени дека вие или вашата веб страница водат грижа за нив во текот на целиот процес на купување, веројатно ќе притиснат на копчето „потврди ја нарачката“.
8. Покажете интерес за купувачите и после продажбата
Колку и да сме фоскуирани за пронаоѓање нови купувачи, честопати е побитно да ги задржиме старите купувачи. Корисникот кој повеќекратно купил ваши производи многу повеќе ќе придонесе за конечните приходи од еднократните купувачи. Тоа става акцент на создавање лојални купувачи. Кога ќе почувствуваат дека вашиот бренд ги цени, веројатно повторно ќе купат ваши производи или ќе го споделат своето искуство со пријателите. На своите купувачи можете и да им испратите персонализирани мејлови и да ги прашате за нивното искуство или да смислите некој покреативен начин. Ако имате адреса, можете да им испратите производ прилагоден на нив или да понудите попуст на други производи.
9. Раскажете ја својата приказна
Луѓето сакаат кога мождат да поддржат битна прикказна. Вашата веб-страница може лесно и ефикасно да ја рашири вашата приказна. Текстот, видеото или другите медиумите можат лесно да демонстрираат кои сте. Постојат причини зошто сте го започнале бизнисот и проблемите со кои сте се соочиле или уште се обидувате да ги решите. Кога ќе им го објасните тоа на купувачите, тие полесно ќе ја видат страста со која сте го почнале бизнисот, а не само цените и производите. Дополнително, ако купувачот ја поддржува вашата мисија, можеби од таа единствена причина ќе го купат вашиот производ.
10. Користете го т.н. middle ефект
Сиве овие методи докажано функционираа, но секој случај во сценариото е различен. Акцентот треба да биде ставен на постојано тестирање. Треба да продолжите со суптилни промени за да видите која верзија е најдобра за да го достигнете максималниот потенцијал. Ако ги следите овие чекори и постојано собирате податоци за вашите резултати, тоа ќе доведе до побрз развој и поголема продажба.