Ричард Бренсон советува: Кога е време да дадете отказ

- Advertisement -

Размислувате да почнете сопствен бизнис или веќе сте го стартувале, но мора целосно да му се посветите за да заживеевашата идеја. Тоа значи преземање големи ризици, меѓу кои е и напуштањето на досегашната работа. Милијардерот Ричард Бренсон советува кога е најдобар момент за да дадете отказ.

„Речиси секој има некаков претприемнички дух и потенцијал да почне сопствен бизнис, но претприемничкиот живот не е за секого. Многумина наместо да основаат свој бизнис одлучуваат своите таленти да ги покажат во рамките на туѓа компанија. За други опцијата да работат за некого не постои, па многу рано се одлучуваат за сопствени предизвици. Кога се двоумите меѓу два правци, без многу знаење за вашиот бизнис, можам само да истакнам дека ако верувате во вашиот бизнис, порано или подоцна ќе мора да му се посветите целосно. Ако не го направите тоа, остатокот од животот ќе го поминете прашувајќи се дали сте можеле да успеете. Вистината е дека гилемите претприемачи мора многу да веруваат во некои моменти. Иако ризикот некогаш може да биде застрашувачки, клучот е секогаш да имате падобран“ вели Бренсон.

- Advertisement -

Првиот чекор при преминувањето од една на друга страна е добро да го испланирате својот бизнис. Мора да мислите на се – од локацијата на која ќе ја сместите канцеларијата до како ќе изгледа вашиот производ на полиците. Обидете се да ги предвидите сите можни пречки во работата, но водете сметка и за времето – ако ќекате предолго, околностите можат да се сменат.

За да бидете сигурни дека ќе ви успее планот, потребно е да најдете добри ментори и силни луѓе од таа бранша. Од непроценлива вредност е кога имате управен одбор за своите идеи. Тоа ќе ви помогне полесно да се префрлите од бизнисмен со скратено работно време на претприемач со полно работно време. Вашите ментори исто така ќе бидат луѓето на кои ќе им се обраќате за совет кога нешто не оди според планот. Бидете сигурни дека нема се да оди според планот, но сето тоа е дел од забавата. Одлуките ќе бидат тешки, еден погрешен телфонски повик може да направи голема разлика меѓу можноста да ги платите сите сметки и да има дадете плата на вработените и немањето пари за ништо. Со силната поддршка од мрежата луѓе со големо искуство и знаење ќе носите подобри одлуки.

- Advertisement -

Пред вашиот бизнис да ви стане единствен извор на приходи, мора да бидете сигурни дека сте заштитени од лошите страни. Можеби ќе морате да обезбедите финансиска помош од инвеститори или можеби ќе мора да земете партнери кои ќе ви го олеснат почетокот. Без оглед на тоа за кој бизнис станува збор, секогаш мора да размислувате однапред за последиците и да направите се што е во ваша моќ за да ги минимизирате грешките. Смислувањето резервен план секогаш е добра идеја.

Додека вие планирате се, запомнете дека прозорецот на можности полека се затвора и во даден момент ќе мора да се одлучите. Кога ќе дојдете до тој момент, единствено што ви останува да направите е да ја напуштите вашата досегашна работа и да станете сам свој газда. Бидете храбри: по сето планирање, време е да имате верба во себе, во својот тим и во идеите.

Сподели!
- Advertisement -