Откако минатата година кинескиот научник Хи Џианкуи објави дека се родени првите генетски модифицирани бебиња, односно близнаци на кои им направил измени на геномите за да не можат да заболат од ХИВ (нивниот татко бил ХИВ позитивен), светската научна јавност остана шокирана. Колку да се сложуваме или не со него, а речиси сите коментари од научниците еба негативни затоа што не се знае какви последици ќе имаат тие измени, факт е дека почна една нова ера за човештвото.
Уште сме далеку од производство нна ГМО луѓе, но ова е првиот чекор кој покажа колкав напредок е постигнат досега на полето на биомедицината. Иако задирањето во геномот е етички и морално многу чувствително прашање, потенцијалните позитивни ефекти се многу големи и може да спречат развој на наследни, но и на други болести.
Оваа индустрија е исклучително интересна и за Google, па нивната инвестициска компанија Google Ventures неодамна инвестираше 1 милион долари во стартапот Verve Therapeutics, кој сака да спречи развој на срцеви болести со користење на системот CRISPR.
Како што објаснуваат, постојат некои генетски мутации кои ги штитат луѓето од срцеви болести, поради што некои луѓе имаат многу ниско ниво на лошиот холестерол без оглед на нивната исхрана и невежбањето, а научниците од Verve со користење на системот CRISPR во соработка со компанијата на Google, Verily преку инјекција од наночестички сакаат да ги вбризгаат тие добри мутации во луѓето. Ако успеат во тоа, за што би била доволна само една инјекција, таквата модификација би резултирала со помалку смртни случаи поради срцеви удари и други срцеви проблеми.
Главниот научник кој работи на проектот, Секар Катиресан, чиј брат починал од срцев удар, вели дека целта му е на луѓето во телото да им се внесат т.н. „среќни гени“, кои ќе ги штитат од такви проблеми. За шочеток, таквите третмани би биле планирани само за постари луѓе кои преживеале срцеви удари, но вистинското прашање е дали иднината носи генетско модифицирање на луѓето. Проблемот е што никој не знае што би се случило и дали таквите генетски модифицирани луѓе би имале други проблеми кои сега не може да се предвидат.
Можностите се неверојатни и системот CRISPR, односно генетскиот инженеринг би можел да им помогне на луѓето да бидат поздрави и да живат подолго. Но, големи се и потенцијалните опасности затоа што со промена на геномот на ембрионите таквите промени стануваат наследни.