Зошто образовниот систем на Финска е еден од најдобрите во светот?

- Advertisement -

Децата можат да посетуваат предучилишни програми кои се субвенционирани од владата, каде што учат преку игра. На крајот на средното образование учениците треба да полагаат само еден тест. Инаку, наставниците и професорите имаат право да си формираат сопствен систем на оценување.

Финските ученици одлучуваат сами дали ќе продолжат со образование кога ќе наполнат 16 години, а вообичано 90% продолжуваат со образованието. Што се однесува на средното образование, тие можат да избираат од две насоки. Општата насока ќе ги одведе до универзитет, а стручното вклучува многу практична работа.

- Advertisement -

Која насока и да изберат системот е флексибилен и ученциите можат да ја сменат насоката кога ќе посакаат. Студирањето на универзитет исто така е бесплатно, а исто така многу се мотивираат и се субвенционираат возрасните луѓе кои не завршиле универзитет да го сторат тоа на постари години.

Финска постојано е високо рангирана во истражувањето PISA (Програма за проценка на интернационални студенти) на ОЕЦД.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -