Министерот за транспорт е затекнат од протестите на лоби групи кои ги претставуваат возачите на автомобили и велосипедистите кои предупредија дека ќе се случи хаос ако се дозволат електричните тротинети.

Германија заостанува зад повеќето европски земји, каде електричните тротинети се достапни за изнајмување во околу 20 градови ширум 10 земји, а се покажаа како многу популарни.

- Advertisement -

Бундестагот ќе биде под притисок да го одобри користењето на електричните тротинети низ улиците на целата држава и на велосипедските патеки за да не изгледаат како „противници“ на овој тренд што стана вообичаен во многу европски градови.

Велосипедистичката асоцијација на Германија предупреди дека велосипедските патеки во Германија не се доволни за да се справат со моменталниот велосипедски сообраќај, а камоли за оваа нова форма на транспорт. Лоби групите на возачите на автомобили велат дека веќе се борат справувајќи се со велосипедистите.

- Advertisement -

Причина за доцнењето на овој тренд е „љубовта“ на Германците кон автомобилите, велат компаниите за електрични тротинети.

„Тротинетите се одлична замена за автомобилите и совршено се надополнуваат во сообраќајот“, вели Бодо фон Браунмул од „Тир Мобилити“, компанија за електрични тротинети со седиште во Берлин.

- Advertisement -

Противниците на овој нов тренд го истакнуваат недостатокот на безбедност како главен аргумент, цитирајќи дека во Виена се случиле 200 незгоди откако се појавиле електричните тротинети минатиот октомври. Лани во предградие на Барселона, почина 90-годишна жена по судир со електричен тротинет.

На ова Браунмул вели дека во историјата не постои возило кое не било вклучено во некаква сообраќајна несреќа.

„Околу 65% од несреќите што се случуваат со електричните тротинети се направени од почетници, затоа „Тир Мобилити“ ги охрабрува своите корисници да користат кацига.“

Компанијата очекува Бундестагот да даде зелено светло на оваа идеја. Ако тоа се случи, „Тир Мобилити“ располага со повеќе од 10.000 тротинети кои се спремни и чекаат да бидат пуштени во употреба од средината на јуни.

(www.radiomof.mk)