Google Translate е еден од најкористените производи на компанијата. Оваа алатка им помага на луѓето да преведуваат од еден јазик на друг со пишување зборови, фотографии од напишан текст и со помош на технологија за превод од говор во текст. Сега компанијата лансира нов проект наречен Translatotron, кој ќе нуди директен превод од говор во говор, без да користите текст.
Тимот кој работи на новата алатка со вештачка интелигенција објасни дека наместо да се користи превод од говор во текст, па потоа од текст пак во говор, новиот модел работи на неурална мрежа. Проектот го носи името Translatotron. Системот го избегнува вршењето повеќе задачи едноподруго и нуди неколку предности во однос на каскадните системикако што е побрз превод, природно избегнување грешки при препознавање и превод, па може со вистинскиот глас на говорникот да се направи преводот и да зибегнува зборови кои не е езадолжително да се преведат.
Translatotron исто така може да ги задржи карактеристиките на гласот на говорникот при преводот од еден во друг јазик. Ова може да биде многу корисна алатка за уредниците на гласови при правење филмови и телевизски шоу програми. Од Google признаваат дека преводите со новиот модел не се толку прецизни како традиционалните модели, но веруваат дека наскоро ќе ја подобрат прецизноста.