Симптомите на инфекциите на увото се различни и слични со други заболувања, па лесно може да се постави погрешна дијагноза. Но, истражувачи на Универзитетот Вашингтон создадоа мобилна апликација која може да поставува попрецизна дијагноза со помош на детекција на тешноста зад ушното тапанче преку парче хартија кое се поставува на мобилниот телефон.
Системот функционира со обично парче хартија кое треба да се свитка во форма на конус. Апликацијата за телефон ги содржи сите потребни упатства за правилна употреба на технологијата и давање точни резултати. Се што ви треба е паметен телефон, апликацијата и парче хартија.
Според Националниот институт за глувост и други пореметувања на комуникацијата во САД, инфекциите на ушите се најчестата причина за посета на доктор, особено кај децата. За родителите и за негувателите ваквиот уред кој ќе им овозможи брза, навремена и сигурна дијагноза ќе биде вистинско олеснување.
Апликацијата го користи ззвучникот и микрофонот на телефонот за да испраќа и да прима аудиосигнали во ушниот канал преку конусот од хартија. Улогата на конусто во процесот е изолација и директно насочување на сигналот во и од увото.