Наскоро рекламите ќе излегуваат од ѕидови?

- Advertisement -

Последните години технологијата целосно го смени начинот на кој се врши рекламирање. На сите им е од интерес да бидат први и поинакви од другите за да бидат уште повпечатливи. Така, хрватскиот стартап Holo Lab влезе токму во тој иновативен свет на огласувањето со помош на 3Д холограмски уреди на британската компанија Hypervsn.

Станува збор за уреди кои репродуцираат слика и видео во три димензии во просторот и оставаат впечаток врз потрошувачите кој е импресивен, интерактивен и неспоредливо поатрактивен од вообичаените досегашни начини на огласување.

- Advertisement -

Долго размислувавме што да понудиме на пазарот, а да биде во чекор со модерните технологии и да отвора нови канали за огласување кои досега во Хрватска не биле искористени. Бидејќи и претходно во работата бевме врзани за HoReCa каналот, прпознавме прилика која уште никој не ја искористил. Имено, кафулињата, ноќните клубови и рестораните се места на кои луѓето се опуштаат, уживаат и се забавуваат и поминуваат голем дел од времето. Потрошувачите денес секојдневно се изложени на многу информациии и различни огласи кои често се агресивни, а ние во опуштена атмосфера на интересен начин им прикажуваме оглас кој истовремено не им пречи, туку ги забавува, привлекува внимание и интригира. Се истакнуваме од другите преку иновативноста, пренесуваме порака од некој бренд директно до потрошувачите и тоа кога тие сакаат да ја консумираат“ вели основачот и директор на стартапот Holo Lab, Јурај Коловрат.

Holo Lab не нуди само уреди туку и работи по системот клуч на рака. Според желбите на огласувачите продуцира видео, спроведува кампања, ги контролира сите параметри, а на крајот на кампањата нарачателот добива и извештај за успешно спроведената кампања.

- Advertisement -

Најмногу 3Д холограмски уреди се поставени во Загреб, на повеќе од педесет локации на пдорачјето на градот. Но, мрежата од уреди е распространета низ цела Хрватска во угостителски објекти. Идејата е огласувачот да има можност за национално прикажување на кампањата која досегнува до најголем број свои потрошувачи.

Долгорочниот план е да се прошири холограмското огласување надвор од Хрватска, односно во земјите од регионот и да бидат пионери во 3Д огласувањето, како и да поставуваат високи трендови во поглед на користењето на врвната технологија и дигиталниот начин на комуникација, кој несомнено е иднина на маркетинг индустријата.

Сподели!
- Advertisement -