ВИДЕО: Пуштен во употреба првиот 3Д печатен челичен мост во светот

- Advertisement -

Ова е првиот 3Д печатен челичен мост во светот. Четири роботи го печателе цели шест месеци, а искористени се околу 5 тони челик. Планирањето на проектот започнало уште во 2015 година. Тимот на МХ3D ја скенирал локацијата и направил неколку концептуални дизајни.

Мостот не само што е првиот 3Д печатен мост од челик во светот, туку е и еден од ретките паметни мостови. Имено, тој во себе содржи сензори за генерирање податоци кои во иднина ќе се искористат за градење нови такви мостови.

- Advertisement -

Мостот е долг 12 метри, изграден е на каналот Оудезијдс Ахтербургвал во Амстердам и веќе е тестиран.

- Advertisement -

(GI Gadgets)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -