Најбрзиот човек во светот, Усеин Болт, направи електричен автомобил

- Advertisement -

Електричните автомобили наскоро ќе добијат навистина неочекувана конкуренција од никој друг туку најбрзиот човек на светот – Усеин Болт. Ѕведата на трките на 100 метри со неговиот стартап Bolt Mobility за скутери кои се споделуваат претстави минијатурен електричен автомобил кој го нарече B-Nano и планира да почне да го продава од идната година по цена од 9.999 долари.

Компанијата со седиште во Флорида вели дека изминатата година напорно работеле на овој автомобил со две седишта и дека работи на батерии кои може да се заменуваат, а доволно е тесен за да го собере низ најголем дел од вратите кои постојат. Засега не се познати техничките спецификации како брзината и досегот со едно полнење на батериите, но велат дека е специјално дизајниран за урбаните возачи кои најчесто возат помалку од 25 км/ч.

- Advertisement -

Сопствениците на приватни возила ќе можат да ги понудат за споделување преку платформата на Bolt Mobility, слично на планот на Tesla и Илон Маск за нивните автономни возила. Компанијата на Усеин Болт моментално прима резервации со влог од 999 долари, но уште немаат прикажано функционален прототип и не наведуваат кога ќе бидат готови возилата.

Сподели!
- Advertisement -