Сан Франциско е првиот американски град кој ја забрани технологијата за препознавање лице

- Advertisement -

Сан Франциско е првиот американски град кој ја забрани технологијата за препознавање лице. Законодавците во Сан Франциско ја изгласаа забраната и овој град стана првиот во САД кој воведе таква забрана. Се популарната технологија за препознавање лице нема да може да ја користата локалните агенции како што се полицијата, управата за јавен превоз и слично. Освен тоа, плановите за купување каква било технологија за надзор сега мора да ги одобри градската управа.

Противниците на оваа мерка велат дека ќе биде загрозена безбедноста на луѓето и дека ќе се отежне борбата против криминалот. Меѓутоа, оние кои ја поддржуваат тврдат дека денешната технологија е недоверлива и претставува непотребно мешање во приватноста и во слободата на луѓето. Исто така, велат дека системот е склон на грешки, особено кога станува збор за жените и луѓето со потемна кожа.

- Advertisement -

Новите правила не се однесуваат на безбедносните мерки на аеродромите или на пристаништата затоа што со нив управуваат федерални, а не локални агенции.

Сподели!
- Advertisement -