ВИДЕО: Преставен првиот телевизор во светот кој сликата и звукот ги пренесува безжично

- Advertisement -

LG на саемот за електроника во Лас Вегас, CES 2023 го претстав својот 97-инчен LG Signature OLED M (model M3) телевизор. Станува збор за првиот телевизор во светот кој ја користи технологијата Zero Connect, односно безжично прима видео и аудио во реално време.

Како што велат од LG, за разлика од стандардните телевизори, на кои сите приклучоци за спојување на надворешни уреди им се сместени на задната страна или странично, M3 доаѓа со посебна кутија Zero Connect, која безжично испраќа видео и аудиосигнали на екранот на LG. Бидејќи може да се постави подалеку од телевизорот, кутијата Zero Connect ја олеснува инсталацијата и дава поголема слобода во уредувањето на просторот.

- Advertisement -

Кутијата доаѓа со повеќе приклучоци за вообичаени HDMI уреди, а може и безжично да се поврзе со компатибилни саунд барови. Ова безжично решение на LG на корисниците им овозможува уживање во 4K 120Hz содржини и чист, остар звук без прекини или намалување на квалитетот благодарение на посебно развиениот алгоритам кој моментално идентификува оптимален пат за пренос. Така помага да се минимизираат грешките или пречките во преносот затоа што ги препознава промените во непосредната средина, како што е двиѓење на луѓе или домашни миленици во спосторијата и во согласност со тоа ја менува патеката.

LG засега не ја открива цената на овој телевизор, но на пазарот би требало да се појави во втората половина од 2023 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: LG)

Сподели!
- Advertisement -