ЦГК го објави извештајот за јавните набавки: Зголемена е примената на нетранспарентна постапка без објавување оглас

- Advertisement -

Центарот за граѓански комуникации(ЦГК) го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите

Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:

– Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

- Advertisement -

– Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда.

– Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година.

- Advertisement -

– Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година.

– Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики.

- Advertisement -

– Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%.

Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека:

– Најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е “најниската цена” како единствен критериум;

– Задоцнетото плаќање падна од втор најчест проблем лани, на осмото место годинава, иако сè уште просечно се чека по 6 месеци и 12 дена за наплата на побарувањата за завршените набавки;

– 48% од фирмите сметаат дека “секогаш” или “често” има корупција во јавните набавки;

– Просечната оценка со која фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава изнесува 2,87, што е незначителен пораст во однос на лани кога оценката беше 2,85.

Целиот извештај можете да го погледнете тука.

Сподели!
- Advertisement -