Наскоро во Швајцарија ќе можат да влезат, да работат и да отворат бизниси сите жители на ЕУ освен Хрватите

- Advertisement -

Жителите на Романија и на Бугарија од 1 јуни годинава ќе имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање бизнис во Швајцарија. Со други зборови, како што објави бугарското Министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците во иднина ќе имаат исти права како останатите жители на Европската унија, освен граѓаните на Хрватска.

Хрватска ќе биде единствената држава членка на ЕУ чии жители не можат да живеат и да работат во Швајцарија, туку ќе мора да имаат работна дозвола ако сакаат да останат во Швајцарија повеќе од три месеци во согласност со квотата која ја воведе Швајцарија.

- Advertisement -

Швајцарија не е членка на ЕУ, но тесно е поврзана со унијата преку билатерални договори, кои и овозможуваат да учествува во единствениот пазар на ЕУ иако не е членка. Тоа стана возможно откако Швајцарското сојузно собрание, односно владата на Швајцарската конфедерација на 15 мај ја усвои одлуката со која се укина квотата за бугарските и романските граѓани. Со таа одлука се измени Регулативата за примена на договорот меѓу ЕУ и Швајцарија за слободата на движење на луѓето.

Имено, Швајрација, како и други земји членки на ЕУ, воведе транзициски периос во однос на прашањето за слободата на движење на жителите на новите членки на Унијата. Бидејќи максималното траење на транзицискиот период е 10 години, според договорот меѓу Швајцарија и ЕУ, транзицискиот период почна на 1 јуни 2009 година, а завршува на 31 мај годинава.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -