Сингапур, Тајланд и Холандија поставуваат соларни панели на вода за да заштедат на копно. Сингапур гради една од најголемите соларни фарми на вода во светот, која ќе генерира доволно енергија за напојување на 1.250 четирисобни домови.
Одборот за електрична енергија на Тајланд, пак, инвестира во 16 пловечки соларни фарми на вкупно девет брани. А Холандија планира да постави 2.500 квадратни метри соларни панели на Северното Море. Соларните панели зафаќаат многу големи површини, па земјите сега се борат со недостиг од простор. Затоа наместо обичните соларни панели поставуваат соларни панели кои стојат над вода.
Пловечките соларни панели можат да се постават на езера, брани, резервоари или на море и се 16% поефикасни од тие што се поставуваат на копно затоа што ладењето на водата овозможува да се намали загубата на топлина.
Исто така, панелите спречуваат испарување на водата, па ја зачувуваат свежата вода во резервоарите. Некои луѓе се загрижени за ефектите на соларните панели врз морскиот свет, но поддржувачите на пловечките панели велат дека овие панели не покриваат толку голема површина за да му наштетат на морскиот екосистем.
9