Холандски синџир супермаркети носи револуција во намалувањето на цените на производите

- Advertisement -

Холандскиот синџир супермаркети Albert Heijn тестира револуционерен систем за намалување на цените на храната. Компјутерски управуван систем динамички ги намалува цените на храната во зависност од повеќе критериуми, а целта е да се сведе на минимум фрлањето храна на која и поминал рокот.

За намалувањето на цените одлучува алгоритам кој во реално време ги следи параметрите како: рок на траење, временски услови, количина, аналитика за продажба на даден производ и некои други. Намалувањето на цените би требало да резултира со тоа ниеден производ изложен на полиците во супермаркетот да нема истечен рок на траење.

- Advertisement -

Системот засега се тестира на месо од живина и на риби. Досега синџирот Albert Heijn на свежата риба чиј рок, да речеме, истекува денес ставал напис „Попуст од 35%, штета е да се фрли ова“. Системот со истакнати фиксни попусти е статичен и реално е неинтелигентен затоа што попустот секогаш е ист. Со динамичко одредување на цените попустот може би бил и поголем со задоволување на условите поставени во алгоритмот.

Како изгледа тоа кај нас? Производот на кој му се приближува истекување на рокот на употреба оди на акција, а кога ќе остане уште еден ден или слично посебно се означува и се истакнува на видно место.По истекот на рокот производот оди на уништување. Основниот проблем во оваа ситуација е фрлањето на храната, која ја нема во доволни количини на многу места во светот. Според проценката на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации е дека малопродажните синџири во светот годишно фрлаат храна во вредност од речиси 100 милијарди долари.

- Advertisement -

Алгоритмот за холандскиот супермаркет го разви израелскиот стартап Wasteless.

Сподели!
- Advertisement -