Две третини од реките во светот се загадени со антибиотици

- Advertisement -

Едно големо истражување на реките во светот откри дека од сите 711 места кои што биле тестирани најголем дел се опасно загадени со антибиотици.

Истражувањето го спроведе Универзитетот на Њујорк и е најголемо од овој тип, во кое учествуваа научници од целиот свет. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на бројот на бактерии кои стануваат отпорни на антибиотици е исто толку опасна криза како и климатските промени и мора да се подигне свеста на глобално ниво и да се преземе нешто. за

- Advertisement -

Според податоци на Обединетите нации, до 2050 година бројот на смртни случаи од бактерии отпорни на антибиотици ќе се зголеми на 10 милиони. Поради количината бактерии во реките и екосистемите, бактериите создаваат имунитетни на лековите, па тие лекови нема да може да се искористат за лекување.

Лековите стигнуваат до водите главно преку човечкиот и животинскиот отпад кои содржат антибиотици. Освен здравствена заштита,  антибиотиците се користат во големи количина и во земјоделството.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -