На 5ти Јуни 2019 година (среда) од15:00 часот во Public room на отворен настан за презентација на crowdfunding платформата Funderbeam. Со оглед на воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, станува полесно достапна и на македонскиот пазар. Учесниците на настанот ќе имаат можност подетално да се запознаат за начинот на функционирање на оваа платформа, а воедно да ги слушнат искуствата од Хрватска.
На настанот ќе се обратат Ивана Гажич, претседател на Управен одбор на Загребската Берза, Дамир Бицаниќ, директор на Funderbeam SEE и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.