НАСА во вселената испраќа „вселенска навигација“ која целосно ќе ги смени вселенските патувања

- Advertisement -

За навигација на Земјата користиме GPS или мапи, но како да се снајдете во вселената каде што растојанијата меѓу вселенските тела се огромни? Токму за тоа бараат решение во НАСА. Затоа на 22 јуни во вселената ќе испратат атомски часовник за длабоката вселена, односно уред со големина на тостер кој на вселенските летала и на сателитите ќе им служи како навигација.

Имено, за одредување на положбата на леталата во вселената досега се користел атомски часовник на Земјата. Големите антени на површината на Земјата испраќаат сигнали кон леталата, кои ги примаат и ги враќаат назад. Атомскиот часовник го мери дури и потребното време и ја одредува положбата на леталата, а навигаторите во вселенските центри потоа го насочуваат леталото во вистински правец. Меѓутоа, колку е подалеку леталото од Земјата, толку е поголемо доцнењето на сигналот и тоа претставува проблем за управување во вселенските летала.

- Advertisement -

Атомскиот часовник за длабоката вселена би го скратил целиот тој процес. Идејата е секое летало во иднина да има таков часовник кој би примал сигнали од Земјата, но не би ги враќал назад, туку со помош на навигациски систем би се детектирала положбата на леталото.

За тоа да биде успешно атомскиот часовник мора да биде исклучително прецизен. При тестирањето тој се покажал 50 пати попрецизен и постабилен од атомските часовници вградени во GPS сателитите. Колку е прецизен и стабилен најдобро говори фактот дека ќе доцни една секунда дури за 9 милиони години отсега. Ако биде толку успешен и во вселената, научниците од НАСА ќе можат да се пофалат со најпрецизниот часовник во вселената.

Сподели!
- Advertisement -