FEYDOM е прв македонски бренд добитник на Германската награда за иновација

- Advertisement -
FEYDOM е прв македонски бренд чиј производ е добитник на Германската награда за иновација за 2019 година (German Innovation Award 2019 Winner) во категоријата Excellence in Business to Consumer.

На 28 мај годинава на голема свеченост во Берлин, Германскиот совет за дизајн (German Design Council), ги додели наградите за иновација за 2019 година. Во листата на добитниците на German Innovation Award 2019 WINNER помеѓу светските мега–брендови од типот на SAMSUNG, OSRAM, THULE, HYMER, и слични, за прв пат се најде и FEYDOM со својот најнов модел на трансформабилен софа сет CLOOODS.

Моделот е прв од серијата на проектот 0/48 што беше поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој, а кој има за цел да развие нова иновативна производна линија за оригинално дизајниран мебел наменета првенствено за европскиот пазар.

- Advertisement -

(Извор – Макфакс)

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -