“Smart Pill Box” производот на средношколци од Кочани патува на натпреварот на Џуниор Ачивмент Европа во Франција

- Advertisement -

Младите средношколци од Средното Училиште Ѓошо Викентиев од Кочани кои беа победници на националниот натпревар на Џуниор Ачивмент Македонија кој се одржа на 10 мај 2019 во Скопје, ќе ја  претстават својата ученичка компанија и својот производ “Smart Pill Box” на Европскиот натпревар на најдоби ученички компании од 03-06 јули во Лил, Франција.

Европскиот натпревар ќе им овозможи на 300 ученици кои биле дел од програмата на ЏА во текот на целата учебна година, да ја презентираат својата земја пред повеќе од 2000 гости од 40 земји членки од Џуниор Ачивмент Европа (http://www.jaeurope.org/). Како дел од натпреварот ќе се одржи и вториот самит за претприемничко образование на кој е потврдено учеството на претседателот на Франција г-дин Емануел Макрон. На самитот ќе земат учество лидери и менаџери на највисоко ниво, и експерти за образование. Ќе се организираат и панел дискусии на тема на претприемничко образование, како и ќе се обележи 100 годишнината од постоење на Junior Achievement Worldwide.

- Advertisement -

Учеството на Европскиот натпревар 2019 за менторскиот наставник ќе биде награда за неговата доброволна работа во текот на годината и создава можност за размена на искуства и вмрежување со други наставници. Учеството на Европскиот натпревар ќе биде можност да научат повеќе, да се претстават, да разменуваат идеи со други врсници од Европа, да ги мотивираат и да ги зголемат своите потенцијали за иднината. Настанот ќе биде промовиран на сите македонски социјални медиуми и весници, кои ќе ни овозможат промоција како земја која ги испраќа најдобрите ученици на натпревари на европско ниво.

- Advertisement -

Организацијата Џуниор Ачивмент Македонија (JA Macedonia) е дел од најголемата глобална мрежа JA Worlwide, која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Преку врвни обуки, за финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемништво, ЏА Македонија создава патеки за вработување и создава нови работни места. (www.jamacedonia.mk).

Мисијата на Џуниор Ачивмент за инспирација и подготовка на млади луѓе за успешна економија на земјата е во согласност со една од главните политички насоки на Европската комисија дека “Секој млад човек треба да има практично претприемничко искуство пред да си замине од задолжителното образование”. Ние сметаме дека секој ученик во средно училиште треба да бидe дел од оваа програма како еден од најуспешните концепти кои може да го помогне долгорочниот економски развој и вработливоста.

- Advertisement -

Последните подготовки за натпреварот се во тек и четворицата средношколци со нетрпение очекуваат да ги запознаат своите врсници од Европа!

Сподели!
- Advertisement -