Лондон се подготвува за револуција на електричните автомобили

- Advertisement -

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, сака до 2030 година по улиците на оваа метропола повеќе да не возат автомобили со мотори со внатрешно согорување. Садик Кан се надева дека наместо класичните бензинци и дизелаши најголем дел од автомобилите за десетина години отсега ќе бидат електрични. Но, за да се исполни тој план, најпрвин треба да се подготви градската инфраструктура.

Во текот на наредните години цената на електричните автомобили би требало да биде се помала, па барем во тој поглед електричните автомобили ќе бидат се попристапни и се поинтересни за поголем број луѓе. Но, цената не е единствениот проблем затоа што за сопствениците на електрични возила многу поголем предизвик е пронаоѓањето место за полнење на батериите.

- Advertisement -

Луѓето што живеат во куќи и немаат таква грижа затоа што автомобилите можат да ги полнат дома преку ноќ, но малку луѓе имаат такви можности. Наместо тоа, мора да бараат полначи и да се надеваат дека нема да бидат зафатени. Притоа, нема доволен број станици за полнење за да ги задоволат потребите на се поголемиот број сопственици на електрични автомобили.

За да го реши тој проблем, Кан најави план за изградба на инфраструктура за електрични возила, која вклучува поставување на дури 50.000 станици за полнење во Лондон до 2025 година. Бројот на електрични автомобили во Лондон во последно време се зголемува, а експертите проценуваат дека до 2025 година би се зголемил за околу 20.000 автомобили на околу 330.000.Со поставувањето на толкав број станици за полнење ќе се стартува една вистинска револуција на електричните автомобили.

- Advertisement -

Од канцеларијата на градоначалникот предвидуваат дека најголем дел од тие станици ќе ги изградат приватни компании, но сепак очекуваат дека ќе биде потребна помош од владата за да се реализира планот. Како најбитна причина поради која Кан ја стартува оваа електрична револуција се наведува здравјето на луѓето кои живеат во Лондон бидејќи воздухот во британскиот главен град е толку загаден што претставува ризик за сите негови жители.

Сподели!
- Advertisement -