Шпаркасе банка започна да нуди услуги за тргување со хартии од вредност на странските пазари

- Advertisement -

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на своето Одделение за работа со хартии од вредност, започна да ги нуди своите брокерски и старателски услуги во процесот на тргување со хартии од вредност на странските пазари.

Имено, со преминувањето на Република Северна Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), им се овозможи на домашните банки да посредуваат при купопродажба на хартии од вредност во странство, со што се отвориjа поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица. Согласно со соодветните измени на законската и на подзаконската регулатива во оваа област, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје презеде активности и соодветни подготовки за да биде една од првите банки што ќе им ги нудат овие услуги на своите клиенти.

- Advertisement -

Во рамките на инвестициското работење, Банката на своите клиенти им нуди брокерски и старателски услуги во 25 земји и на повеќе од 30-ина странски берзи – пазари на капитал, меѓу кои и најголемите берзи во светот: New York Stock, Exchange, NASDAQ, Börse Frankfurt, London Stock Exchange, Tokyo Stock Exchange и др.).

Услугите на странските пазари опфаќаат:

- Advertisement -
  1. Брокерски услуги: прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
  2. Старателските услуги: чување хартии од вредност; порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози; наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност; извршување старателски налози поврзани со корпоративни активности како и други услуги по барање и во договор со клиентите.

Со оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите да ги алоцираат своите слободни парични средства и да го диверзифицираат портфолиото преку вложување и дисперзија на ризикот во хартии од вредност на странските финансиски пазари, каде што постои голема понуда на финансиски инструменти и хартии од вредност, повисока ликвидност и транспарентно корпоративно управување на компаниите издавачи. Покрај овие предности, би ги истакнале и можноста за индексирано вложување во т.н. индексни ЕТФ-фондови, можноста за инвестирање во странски должнички инструменти и управување со приносите и ризиците (преку вложување во инструменти од различни издавачи со различни доспевања и приноси), потоа инвестирање во инструменти на стоковите пазари и поврзани со движењето на цените на стоките (на пример, во злато, нафта, пченица, памук итн.) и други можности.

Сподели!
- Advertisement -