Легендарниот предводник на “TAG Heuer“ и “Hublot“, Жан Клод-Бивер пристигнува на Викенд Медиа Фестивал

- Advertisement -

Најзначајниот бизнисмен во индустријата на луксузни брендови ќе одржи предавање во престижниот Гранд Парк Хотел Ровињ во четврток 19. септември Weekend Masterclass“ е нов формат на бизнис предавања и панели со кој се продолжува постоењето на најголемиот регионален комуникациски фестивал

Викенд Медиа Фестивал во Ровињ го носи еден од најзначајните бизнисмени од индустријата на луксузни брендови, лидерот на “Hublot“ и “Zenitha“ и директорот на работната единица за часовници на групацијата “LVMH Watches Worldwide“, Жан Клод-Бивер (Jean-Claude Biver). Човекот кој е познат како икона во индустријата на часовници и кој е заслужен за глобален успех на познати брендови како што се “TAG Heuer“ и “Hublot“ ќе одржи ексклузивно предавање во рамки на “Weekend Masterclass“.

“Weekend Masterclass“ е нова платформа на Викенд Медиа Фестивал во чии рамки, во четврток, 19. септември, во конгресниот простор на луксузниот Гранд Парк Хотел Ровињ, ќе се одржат предавања и панели. Воведувањето на ваков формат, како и дополнителен ден за предавање наменет за бизнис заедницата, дава нов аспект на најголемиот комуникациски фестивал.

- Advertisement -

“Среќни сме што и оваа година Викенд Медиа Фестивал носи голема иновација за сите наши соработници. Во Гранд Парк Хотел Ровињ, кој со сигурност ќе биде интересен за посета затоа што ги поместува границите на луксузна понуда во Хрватска, доаѓа еден од најатрактивните предавачи од светот на европските луксузни брендови. Парк, Бивер и “Weekend Masterclass со сигурност одлично ќе го одбележат отворањето на дванаесеттиот Викенд Медиа Фестивал“, изјави Никола Врдољак, директор на програмата на Викенд Медиа Фестивал.

Бивер е еден од највлијателните личности од светот на часовниците. Тој на својот професионален пат, речиси преку ноќ, успеа од релативно млади модни компании да направи луксузни брендови кои и до денес претставуваат престиж и чии производи се посакувани од многумина. Прв успеа да вклопи луксузен бренд во светот на фудбалот на Европското Првенство во фудбал UEFA EURO™ 2006 и 2008 година.

- Advertisement -

По “оживувањето“ на брендот “Blancpain“, го разви брендот “Omega“ соработувајќи со бројни познати личности како Синди Крафорд, Михаел Шумахер и Пирс Броснан во улога на Џејмс Бонд. Додека го развиваше брендот “Hublot“ се водеше од концептот “Art of Fusion“ преку спој на традиција и иновации, минато и иднина. За само неколку години го претвори “Hublot“ во вистинска приказна за успех, а денес претставува многу повеќе од изработка на квалитетни часовници благодарение на врвната соработка со Светското првенство во фудбал “FIFA World Cup™“, “Ферари“, фудбалските клубови “Челзи“ и “Јувентус“, Усеин Болт, Дастин Џонсон, Ричард Орлински и Шепард Феири.

Историјата на “TAG Heuera“, под водство на Бивер, е блиско поврзана со автомобилските трки меѓу кои се истакнува најпрестижната и една од најстарите трки во светот, култното Монако Гранд При. “TAG Heuer“, токму под водство на Бивер, нижеше најмногу победници на оваа трка меѓу кои се Ники Лауда, Џоди Шектер, Ален Прост, Ајртон Сена, Мика Хакинен, Дејвид Коултард, Кими Раиконен, Феранандо Алонсо и Луис Хамилтон, воедно и амбасадори на “TAG Heuer“.

- Advertisement -

Еден од најзначајните бизнисмени од индустријата на луксузни брендови и стручното лице за маркетинг, Жан Клод- Бивер на дванаесеттиот Викенд Медиа Фестивал во рамки на “Weekend Masterclass“ ќе го сподели своето искуство и ќе каже неколку совети како успешно да се водат премиум светски брендови.

Најголемиот регионален фестивал на комуникации, освен по интересните предавања и провокативни и конструктивни расправи за трендовите во медиумската индустрија, е познат како место за најдобра забава. Овогодинешниот, дванаесетти Викенд Медиа Фестивал кој се одржува од 19. до 22. Септември во Ровињ има одлично музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката стана уметност и средство за отпор.

Новина оваа година е и “Викенд Пакет“ кој овозможува резервација на сместување и котизација. Покрај ова, сите маркетери, своите изработени проекти може да ги пријават на осмиот по ред “BalCannes“, а најдобрите дигитални трудови ќе бидат дел од регионалните дигитални награди – SoMo Borac.

За повеќе информации погледнете ја следната веб страна wekendmediafestival.com.

 

Сподели!
- Advertisement -