„М6 Еден Срб“ одлучи да се прекине договорот за БИП со Агенцијата за стечај. Со тоа, БИП престанува да работи.
„Верувавме во можностите за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која повеќе од 180 години претставува симбол на Белград. За жал, и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех. Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба пиво. Ќе продолжиме во поинаква насока, со друг концепт. Можно е да се почне со вложувања во иднина со нови проекти во Србија. Се заблагодаруваме на сите субјекти, потврдувајќи дека се завршуваат сите обврски кон вработените и сите доверители“, изјавуваат од „М6 Еден Срб“.