Садењето на милијарди хектари дрвја во област со големина колку САД би можело да биде „најефикасното решение за климатските промени досега”, велат научниците

Студија покажа дека постои потенцијал за дополнителни 900 милиони хектари со дрвја во области каде природно им доаѓа да се покриени со шуми.

Додека растат и созреваат, дрвјата може да апсорбираат и да складираат 205 милијарди тони јаглерод, се вели во анализата објавена во списанието „Наука“ („Science“).

- Advertisement -

На овој начин, може да се справиме со околу две третини од 300 милијарди екстра тони јаглерод кој е во атмосферата поради човечката активност од индустриската револуција.

Во студијата, швајцарските научници од лабораторијата „Кроутер“ велат дека „ја истакнуваат глобалната реставрација на дрвото како досега најефикасно решение за климатските промени”.

- Advertisement -

Сепак, други експерти тврдат дека студијата е преценета и дека фокусот треба да се насочи кон елиминирање на емисиите од фосилни горива.

Професорот Том Кроутер, еден од авторите на студијата вели: „Сите знаевме дека реставрацијата на шумите би можела да одигра улога во справувањето со климатските промени, но немавме научно разбирање за тоа каков ефект би можела да направи“.

- Advertisement -

„Нашата студија јасно покажува дека реставрацијата на шумите е најдоброто решение за климатските промени достапно денес и дава цврсти докази за да се оправда инвестицијата“, додава тој.

„Сепак, ќе требаат децении за нови сорти да созреат и да се постигне овој потенцијал“, нагласи професорот.

„Од витално значење е да ги штитиме шумите што постојат денес, да ги следиме другите климатски решенија и да продолжиме со постепено отфрлање на фосилните горива од нашите економии, со цел да се избегнат опасните климатски промени”.

Во Велика Британија на пример, може да се насадат околу 4,6 милиони хектари дрвја.

Анализата користеше речиси 80.000 сателитски слики со висока резолуција на заштитени подрачја за да ги процени природните нивоа на покриеност на дрвја во области кои се движат од арктичката тундра до саваната.

Лабораторијата „Кроутер“ откри дека може да се обноват од 1,7 до 1,8 милијарди хектари земјиште во области со ниска човечка активност, кои во моментов не се користат како урбани или земјоделски површини, додавајќи 900 милиони хектари дрвја.

Студијата, исто така, сугерира дека има уште поголем потенцијал за повторно растење на дрвјата во зелени површини и урбани области.