Црногорскиот стартап Uhura Solutions кој развива напредно решение базирано на вештачка интелигенција, за дигитално читање и разбирање на говорот доби инвестиција од 400 илјади евра од фондот South Central Ventures. Средствата ќе бидат вложени во забрзан раст на работењето и развој на производот.
Од стартапот Uhura Solutions кој освен во Подгорица, има седиште и во Лондон, најавуваат дека ќе ја искористат инвестицијата за натамoшно подобрување на технологијата која ја развиваат, и за поголемо присуство во финансискиот и претприемничкиот сектор. Инаку, технологијата зад која стои црнoгорскиот тим се базира на вештачка интелигенција, значително би можела да го поедностави и забрза читањето и натамошното процесирање на документи и дoговори во финансиски и други институции.
На овој начин со помош на автоматизирана технологија која ќе ги замени мануелните методи, ќе се намали употребата на ресурси (луѓе и време) во компаниите, банките и други организации.
“Во изминатите години работевме во различни странски корпорации, вклучувајќи и банки, па морам да констатирам дека начинот на кој се обработуваат и процесираат документите денес се застарени. Не само од страна на корисниците, туку и д вработените во финансиските институции. Затоа одлучивме да направиме нешто по тоа прашање“, вели Ѓуро Стојановиќ, коосновач и извршен директор на Uhura Solutions.
За него е голема чест и признание инвестицијата од South Central Ventures фондот со оглед на докажаното искуство на овој фонд во поддршка на стартапи кои креираат софтвери за различни намени.
Uhura Solutions е формиран во 2018 година од страна на Ѓуро Стојановиќ, Бојан Тешиќ, Блажо Црвеница и Младен Марковиќ, тим на претприемачи од Црна Гора со големо техничко знаење . Овој стартап минатата година успешно помина во Barclays акцелераторото поддржан од Techstars од Тел АВив, Израел.