Поради климатските промени 120 милиони луѓе во светот ќе се дават во сиромаштија

- Advertisement -

Нови истражувања од Обединетите нации и Универзитетот Стенфорд покажуваат дека екстремните временски услови и се повисоките температури кои се последица на климатските промени ќе ги направат богатите луѓе уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Според Обединетите нации, климатскиот апартхејд ќе резултира со нови 120 милиони луѓе кои ќе живеат во сиромаштија до 2030 година.

Способноста да се преживеат суровите климатски улсови е битен одлучувачки фактор, а најбогатите луѓе можат да се релоцираат, да ги заштитат своите имоти и повторно да изградат домови. Од друга страна, најсиромашните луѓе мора да се преселуваат, а нивните домови ги оставаат уништени зад себе, исто како и изворите на приходи. Руралните заедници и жените се особено ранлива категорија поради нивната директна зависност од природните ресурси за опстанок и ризикот од суши, поплави и бури кои им ги уништуваат нивните ресурси.

- Advertisement -

Од Обединетите нации предупредија дека очекуваме сценарио на вистински климатски апартхејд каде што богатите имаат доволно пари да се спасат од преголемите жештини, гладот и конфликтите, додека остатокот од светот е оставен да страда.

CNN го претстави тоа сликовито преку примерот на ураганот Сенди, кога илјадници луѓе со недели без без струја, а седиштето на банката Goldman Sachs беше забарикадирано со вреќи песок и работеше на приватни генератори. Според истражувачи од Стенфорд, пак, глобалното затоплување исто така придонесува богатите земји да бидат попродуктивни. Додека тропските острови и потоплите земји имаат пад на БДП, кој истражувачите го припишуваат на глобалното затоплување, земјите како Норвешка и Канада имаат пораст на економскиот просперитет.

- Advertisement -

Овие податоци веројатно не се доволни за земјите да дадат максимум за да се придржуваат до обврските од Парискиот климатски договор и да ја ограничат емисијата на јаглерод диоксид, дури иако најсиромашните земји во светот кои емитуваат најмалку гасови страдаат најмногу.

Сподели!
- Advertisement -