Овој кинески град има неверојатна воздушна патека за велосипеди. Во Џиамен можете да возите велосипед по патека која се наоѓа на висина од 5 метри над земјата и да го избегнете сообраќајниот метеж по улиците.
Оваа воздушна патека е една од најдолгите во светот – 7,6км, а ја дизајнираа ученици со цел да ги поттикнат луѓето да возат велосипед наместо автомобили и така да се намали сообраќајниот метеж и огромната загаденост на кинескиот воздух.
Градот Џиамен одлучи нивниот дизајн да го претвори во реалност. По оваа патека може да поминат по 2.500 велосипеди за еден час. Кога ќе се преполни патеката, се затвораат портите додека не се намали велосипедскиот сообраќај.
Долж патеката има 11 влезови кои патеката ја поврзуваат со автобуски постојки, а ако не поседувате велосипед, можете да изнајмите на повеќе места на патеката. Според луѓето кои ја користат за патување до работа и назад, со велосипед стигнуваат за исто време на работа како со автомобил.
Во Кина 1,6 милиони луѓе умираат прерано како последица на загадениот воздух. Кина наголеми инвестира во зелени начини на транспорт и веќе поседува 99% од сите зелени автобуси во светот – вкупно има 421.000 елоколошки електрични автобуси.
This Chinese city has an incredible aerial bike route
Riding 5 metres above traffic. 📕 Read more: https://wef.ch/2IuHwoI
Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 27 јуни 2019