Wearbuds се слушалки дизајнирани да го сменат целосно начинот на кој слушаме музика. Овие слушалки се составен дел на фитнес алка и се вклопуваат во отворите кои се од страните на алката. На овој начин добивате вистински безжичен стерео звук без да мора да се грижите каде ќе ги полните.
Дизајнот на слушалките е уникатен и патентиран, а е дело на компанијата Aipower. Сепак, радикално различниот дизајн не пречи на квалитетот на звукот. Слушалките имаат Bluetooth 5, Qualcomm аудио чипсет и нудат звук каков што би очекувале од многу поголеми слушалки.
Во моментот е во тек кампањата за слушалките на Kickstarter, а веќе имаат собрано десеткратно повисока сума од првично побараната. Ако сакате да добиете еден пар Wearbuds, треба да донирате најмалку 99 долари, а се очекува првите производи да бидат доставени во октомври годинава.
Wireless Earbuds Charged Right on Your Wrist
Unique wireless earbuds that are stored and charged inside a fitness band.Available here: http://bit.ly/2xtFfUt
Posted by Startup Selfie on Среда, 03 јули 2019