Ова се највредните прехранбени брендови за 2019 година

- Advertisement -

Швајцарскиот бренд Nestle и американска Coca Cola се највредните брендови во светот за оваа година, објави британската консултантска агенција „Бренд Фајнанс“.

Nestle и Coca Cola имаат пораст на вредноста на брендовите во споредба со 2-18 година, и тоа: Nestle за 1,4 отсто и сега вреди 19,6 милијарди долари, а Coca Cola за 19,1 отсто повеќе и сега „тежи“ 36,1 милијарди долари.

- Advertisement -

Меѓу десетте највредни брендови се најдоа и: француски Danone со вредност од 8,1 милијарди долари и кинески Yili за кој е проценето дека вреди 7,1 милијарди долари. Следуваат Kellogg’s, Tyson, Mengniu, Wrigley, Lay’s, Mc Cain и Craft.

Кај пијалаците, на второ место (по Coca Cola) e Pepsi, со вредност од 18,5 милијарди долари и Red Bull проценет на 8,7 милијарди долари вредност.

- Advertisement -

Најголем број од светските брендови се американски (34,4 отсто), па следуваат Кина (14,4 отсто)  и Швајцарија (13,4 отсто).

www.instore.mk

Сподели!
- Advertisement -