Димче Поповски: направивме иновативен систем за контрола на лифтови преку апликација. Ако се заглавите комуницирате директно со сервисерот!

- Advertisement -

Првото микропроцесорско контролно управување за лифтови кое работи врз принцип на безконтактен систем е создадено во Битола, од компанијата за лифтoви ДАКА. Оваа компанија проектира, монтира, сервисира и одржува лифтови, а воедно и производедува лифтовски компоненти.

За најновата иновација на оваа битолска компанија, која вклучува апликација базирана на augmented reality. разговараме со нејзиниот сопственик Димче Поповски.

 

Новинар Љубица Ангелкова

- Advertisement -

Вашата компанија постои 30 години и за прв пат излегува со свој производ во Европа.  За каков производ станува збор?

Станува збор за микропроцесорско контролно управување за сите типови на лифтови со безконтактни системи на управување што придонесува да се избегне бучавата која досега произлегуваше од самите контактори. Поедноставено, микропроцесорското контролно управување претставува мозок на лифтот бидејки преку него се изведуваат сите операции. Тој е најглавна компонена и без него лифтот не може да функционира. Досега сите миропроцесорски управувања во составот имаa контактори (компоненти) кои што извршуваа одредена активност во состав на микропроцесорското контролно управување и правеа одреден звук. Сега го имаме првото микропроцесорско контролно управување со безконтакторски систем кој што при работа не произведува никаков звук. Тоа значи дека во објектите каде што се поставува не може да се слушне никаков звук од неговото работење. Досега овој систем е имплементиран во повеќе од 800 лифтови!

- Advertisement -

Во моментот активно го произведуваме микропроцесорското управување и во фаза на тестирање ни се лифтовските LCD дисплеи кои што се дел од системот наречен IQ лифт, систем коишто овозможува непречена директна говорна и визуелна комуникација помеѓу патникот во лифотот и сервисната лифт служба во случај ако дојде до заглавување на лифтот. Истиот тој дисплеј преку интернет конекција, која што ја има во себе, се конектира со мобилниот телефон на сервисерот за лифтови и преку него може да се врши мониторинг на работата на самиот лифт.

Системската апликација работи така што кога патникот ќе се заглави во лифтот, директно алармира преку дисплејот. Алармниот систем е поврзан со пет сервисни телефонски броеви, така што во моментот кога ќе се оствари говорна комуникација помеѓу сервисерот и заглавениот патник, сервисерот преку дисплејот добива информации за неговата состојба во лифтот, за температурата на воздухот во кабината и го информира за колку време ќе дојде сервисерот.

- Advertisement -

Овој производ ќе започнеме да го монтираме во лифтовите во нашата држава, но крајна цел ни се големите светски мултинационални компании за лифтови.

Важно е да кажеме дека микропроцесорското контролно управување е целосно испитано, тестирано и сертифицирано според најновите стандардите на Европската Лифт Директива од страна на европската сертификациона куќа QMS. Тестирањето се вршеше повеќе од 18 месеци од тест кули каде што беше инсталирано на тест лифтови и подложено на разни атмосферски влијанија на издржливост, симулација на земјотреси пожари и разно разни брзини на движење.

Што Ве охрабри на овој чекор, да инвестирате во иновации?

Едноставно сакавме на пазарот да понудиме нешто ново, поразлично, поефикасно и пософистицирано.

После три децениии постоење на домашниот пазар, сфативме дека предизвикот да се појавиме на пазарите ширум Европа треба да биде токму во овој момент. Акумулираното искуство од областа на лифтовите што го има стручниот тим на ДАКА е на доволно високо ниво за да се бориме за освојување на пазарите во Европа, рамо до рамо со високо реномираните светски мултинационални компании.

Какви експерти имавте во тимот и дали иновацијата е целосно развивана во Македонија или се користени ресурси од странство?

Инженерскиот тим на ДАКА е составен од домашни и странски експрети кои работат за нас. Во софтверскиот дел беа вклучени професорите од Факултетот за информатичка технологија од Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола:  д-р Никола Рендевски и д-р Александар Марковски,  додека на хардверскиот дел на микропроцесорот работеше инженерски тим составен од експерти од неколку европски земји.

Микропроцесорското контролно управување го развивавме повеќе од три години а дисплеите ококу година и половина непрекинато макотрпно работење.

За беспрекорно функционирање на вашиот систем за контрола на лифтови, направивте и апликација базирана на “augmented reality”. Која е функцијата на оваа апликација?

Имаме мобилна апликација која што корисникот ја симнува од интернет на својот смарт телефонот, ја активира апликацијата и ја насочува кон микропроцесорската контролна табла. Во истиот момент апликацијата врши препознавање и понатаму го води корисникот во постапката за изведување на одредени активности. Не станува збор за видео инструкции, туку корисникот во реално време добивате инструкции преку апликацијата.

Таа е наменета за луѓето кои се обучени за управување со лифтови, но и за обични корисници во случаи на механички дефект кога доаѓа до заглавување на патници во лифтот да можат самите станари веднаш без губење на време да извадат заглавен патник од кабината без проблем. Слободно може да се пофалиме дека ваков тип на производ имаме единствено ние. ДАКА е првата фирма во светот кое што го има имплементирано системот на augmented reality во контрола на лифтови, кој се управува преку мобилен телефон.

 

На кои пазари конкретно ќе се пласира или веќе се пласираат вашите производи?

Иновативните системи на ДАКА (дисплеј, микропроцесорско контролно управување и augmented reality) во моментов го пласираме во Германија, Данска, Шведска, Грција, Србија. Австрија, Швајцарија, Тунис, а преговараме и со една мултинационална компанија која што  во моментов е заинтересирана комплетно да го откупи системот на augmented reality.  Исто така веќе неколку месеци активно работиме за пласман во Америка, што претставува огромен потенцијал.

Што мислите за изворите за финансирање на иновативни идеи во Македонија?

Досега не сме искористиле ниту едно евро од домашни или странски фондови. Се што досега развивавме е потпомогнато од некои домашни банки, како и од сопствени средства.

Сега за прв пат аплициравме на јавниот повик во Фондот за иновации и технолошки развој, каде што  го претставивме нашиот концепт продукт и се надеваме на позитивен исход.

 

Сподели!
- Advertisement -