Благодарение на новиот паметен дизајн, сега може да го трансформирате омиленото растение во виртуелно домашно милениче. Тоа, со помош на својот екран, ќе има способност веднаш да ги пренесе своите потреби до вас. Создаден од Вивиен Милер од Му Дизајн, паметната саксија Луа покажува 15 различни анимирани емоции врз основа на тоа како ратението се чувствува во моментот.
Не само што Луа е симпатична, туку е и навистина функционална и им помага на растенијата да го добијат она што им треба за да живеат беспрекорно. Сензорите во саксијата ја активираат точната анимација која, по мерењето на влагата на почвата, изложеноста на светлина и температурата, ќе се прикаже на екранот. Саксијата е поврзана со апликација каде што можете да го изберете типот на растение и да ги прилагодите вашите сопствени поставки.
Шест од анимациите се директно поврзани со здравјето на растението. На пример, ако изложувањето на светлина не е доволно, ќе се појави емоција со вампир. Ако заборавите да ставите вода, анимација која асоцира на жед се појавува на екранот.
Луа дури може да има и настинка или треска во зависност од температурата. Кога сè е добро, паметната саксија ќе има смирена насмевка. Дури и заспива и се буди кога детектира движење, следејќи ги предметите со очите.
Во моментов, Луа е во фаза на прототип и може да се нарача на Indiegogo. Според најавите, во широка продажба би можела да биде достапна во декември 2019 година. Ќе ја има во две бои, а саксијата може да понуди и дополнителни функции ако кампањата ги оствари своите замиали во наредниот период.
(Радио МОФ)