Општина Кисела Вода ќе добие катастар на зеленило

- Advertisement -
Град Скопје заедно со УНДП од денеска почнуваат со изработка на Катастар на зеленилото во Општина Кисела Вода. Во сите основни училишта и градинки на територија на општината ќе бидат евидентирани сите зелени површини, дрвја и останати насади.

– Сите информации за урбаното зеленило во Кисела Вода ќе бидат поставени на официјалниот Катастар за зеленило што ќе биде достапен и на официјалниот веб портал на Општина Кисела Вода, информира Општина Кисела Вода.

Изработката на Катастарот на зеленило има за цел негово полесно и планско управување, што подразбира подигање, одржување, заштита и реконструкција во насока на изработка на квалитетна стратегијата за развој на зеленилото на подрачјето на градот.

Сподели!
- Advertisement -