Лондон ги користи старите автобуси како засолништа за бездомници

- Advertisement -

Лондон почна да ги претвора старите автобуси во засолништа за бездомниците, каде што им се нуди поддршка и помош за повторно да застанат на свои нозе. Еден од автобусите е претворен во менза, каде што луѓето можат како да научат да готват здрави оброци.

Во друг автобус се учат нови вештини за наоѓање работа. Во трет автобус има кревети за 20 луѓе, додека четвртиот е вистинско велнес место каде што бездомниците можат да добијат масажа или да вежбаат јога. Бездомниците можат да останат во автобусот со кревети до три месеци и да бидат сигурни дека ќе имаат топло катче секоја ноќ.

- Advertisement -

Добиваат и холистичка поддршка за полесно да си го изградат својот живот одново. Според добротворните организации, по улиците во Лондон спијат околу 9.000 бездомници, што е 18% повеќе од лани. Бројот на бездомници се зголемува ширум Европа. Според некои проценки, денес 2% од популацијата во светот се бездомници, а 20% немаат соодветно домување. Обединетите нации го нарекуваат овој проблем глобална криза на човековите права.

These London buses are now being used to house and train the homeless

Driving progress. 📕 Read more: https://wef.ch/2FQjvHa

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 09 јули 2019

Сподели!
- Advertisement -